Во рамките на програмата „Подобрување на транспарентноста, правната сигурност и ефикасноста на судството во Македонија“, компонентата 1 - Примена на Матрицата за следење на напредокот на реформите во правосудството во Македонија, Центарот ангажира дваесет анкетари кои е потребно да извршат теренски истражувања врз основа на веќе структуриран прашалник во текот на месец октомври 2018 година, во основните и апелационите судови во Република Македонија.
Заинтересираните кандидати потребно е да имаат:
- Завршено правни студии со 180 ЕКТС кредити;
- Одлични комуникациски вештини;
- Одлични вештини на планирање, организирање и известување;
- Способност за работа со доверливи информации и материјали;
- Способност и желба за работа во тим.
Претходно искуство во прибирање податоци преку анкетни истражувања ќе се смета за предност.
Заинтересираните кандидати потребно е да достават CV најдоцна до 27.07.2018 (петок), на e-mail адресата: contact@cpia.mk
Од своето основање во 2012 година, Центарот за правни истражувања и анализи работи во областа на владеењето на правото, пристап до правдата, демократизација, добро владеење, и човекови права. ЦПИА се залага за постигнување на своите цели преку активности поврзани со правни истражувања, развој на правни ресурси, мобилизирање на заедницата, градење правна свест и обезбедување правни совети и мислења.
За повеќе информации за програмата и за работата на Центарот за правни истражувања и анализи, посетете ја нашата веб страна: www.cpia.mk.
Оглас за ангажирање на 20 теренски истражувачи. Огласот важи за цела Македонија
Featured jobs
-
Pabau - Британска компанија со седиште во Скопје го проширува својот тим!
Pabau е компанија која што има седиште во Скопје и Велика Британија. Pabau работи со CRM софтер кој што им помага за полесно функционирање на кликните во Велика Британија. Нивниот тим се состои од над 50 вработени, ќе ни биде мило доколку и ти станеш дел од нив!
-
ПЛАТА до 40.000 денари: Пекабеско вработува на повеќе работни позиции
✔топол оброк и превоз ✔неделното работно време изнесува 40 часа
-
Џонсон Мети вработува кандидати од Скопје, Свети Николе, Куманово и Велес
Џонсон Мети има потреба од ОПЕРАТОРИ од реон Скопје, Свети Николе, Куманово и Велес за работа во фабриката во ТИРЗ Бунарџик - Скопје - Обезбедена храна и превоз
-
Спорт Висион вработува во Скопје, Струмица, Куманово и Гостивар
Стани дел од тимот на Спорт Висион! Во моментот вработува на повеќе позиции во Скопје, Струмица, Куманово и Гостивар.
-
Огласи за работа во ХРВАТСКА- „Вила Дубровник“ вработува на повеќе позиции
Отворени 10 работни позиции
-
Ресторан Star Ocean вработува на неколку позиции
плата до 35.000 денари- аплицирај!