„Вие сте единствената среќна личност која ја познавам“, изјавил Вилијам Џејмс, американски филозоф и психолог.
„Секогаш насмевката ви е на усните, па дури и кога се соочувате со најголеми тешкотии. Не се смеам јас затоа што сум среќен“, одговорил Џејмс, па продолжил: „Јас сум среќен затоа што секогаш се смеам“.
Цитатите на Вилијам Џејмс претставуваат вистински мотиватори во преземањето контрола над сопствениот живот, а за вас избравме осум:
1. Песимизмот ја води слабоста, оптимизмот ни дава моќ.
2. Најсилното оружје против стресот е нашата способност да избереме една мисла, а да ја отфрлиме другата.
3. Однесувајте се како вашето однесување да може да ве промени, затоа што може.
4. Здравиот разум и смислата за хумор се исти работи, само што се движат со различна брзина. Смислата за хумор всушност е здрав разум.
5. Најголемото откритие на мојата генерација е човечкото суштество да може да го измени својот живот менувајќи го своето однесување.
6. Бидете подготвени да прифатите. Прифаќањето на тоа што се случило е првиот чекор во преминувањето на последиците од било каква несреќа.
7. Секој ден направете по една работа која би ја избегнале да ја правите. Благодарение на тоа ќе бидете подготвени да го поднесете притисокот кога ќе би се укаже неопходната потреба нешто слично да направите.
8. Умешноста на мудроста се сведува на реален избор од тоа што сте го предвиделе.