Попладне од западните кон централните делови ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец кој ќе биде поизразен вдолж Повардарието.
Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15 степени. Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен југоисточен ветер.
Попладне и кон крајот на денот ќе има повремен дожд. Максималната температура ќе достигне до 12 степени. Во следните денови ќе биде променливо облачно и посвежо со повремен локален дожд, а на планините ќе врне снег.
Ќе дува слаб до умерен јужен до југозападен ветер. Во среда ќе има краткотрајна стабилизација на времето, а потоа повторно се очекува нова краткотрајна нестабилност
извор: skopjeinfo.mk