Генијалниот Милован познат како Хоки, од селото Клење во северна Мачва, бил најмалку на 4.000 свадбени веселби низ Србија, како непоканет гостин. Не е ни чудо ако се знае дека Хоки цела деценија ја поминал како пејач, а потомок е и на познатиот писател Јанко Веселиновиќ, кој важел за голем боем.
Секако, тој талент што го стекнал и прекарот што го добил, мудро го искористл за да ги забавува гостите на прослави.
“Често знам да запеам и со музичарите. Ако е невообичаено во некои делови од Србија непоканет да се оди на забави, во Мачва тоа е сосем нормално. Немојте да се чудите ако на свадба во Мачва го слушнете домаќинот како вика: „Гостите, поканети и непоканети, се замолени да седнат на масата“. Па, тоа значи дека сите се добредојдени", објаснува Хоки.
Но, тоа не е случај насекаде. Како што научно и практично утврди овој весел Мачванин, во околните села било лесно да се влезе под свадбениот шатор. Но, одењето во хотел на добар ручек е малку покомплицирано. Не е шега да се дојде на свадба во Срем. Затоа што луѓето се различни и многу воздржани.
За половина век тој, според сопствената исповед, изел неколку илјади сарми. На прашањето зошто оди на забава и што го привлекува таму, причината ја нашол во тоа што живеејќи сам, морал некако да ги пренасочи мислите.
"А каде има поубаво од свадба? Порано кога имаше пари, во времето на Тито на свадби одев со кола, а сега со велосипед. И без разлика што е велосипед, домаќинките многу ме почитуваат".
Милован Веселиновиќ Хоки беше повеќекратен прв глас на Срем, Шемберија, Мачва... Го доби прекарот по југословенскиот пејач на народна музика Хашим Кучук Хоки (1946-2002), кој остана запаметен по многу хитови, особено по „Пијам да ја заборавам“ и „ Пеј „мој пријателе“.
Многумина не знаат дека вистинскиот Хоки во седумдесетите беше единствениот пејач кој носеше подолга коса и имаше „имиџ на Битлси“.