Со доаѓањето на пролетта се повеќе скопјани се одлучуваат за велосипедот како превозно средство. Освен што е корисно за здравјето, на тој начин придонесуваме и за животната средина, но, е и начин да се избегнат нервозните возачи и пешаци.
За жал, сообраќајниот хаос во Скопје сé уште е причина за родителите, со право да се загрижени за своите деца. Оние од помалите одделенија мора да бидат придружувани од возрасен или со автомобил да се оставаат токму до училишниот двор.
Повозрасните деца, па воопшто и возрасните „треба да отворат четири очи“ за да поминат на пешачки, коментираат граѓаните на социјалните мрежи.
Очигледно сообраќајната култура уште е на многу ниско ниво, иако сите сакаат Скопје да стане Smart City.
Паметен град (Smart City) - нема врска со вештачка интелигенција или сензори. Еден град е паметен кога децата можат да пешачат или возат точак, слободно и безбедно. Технологијата е само бонус. Секојдневно сме сведоци на различни иницијативи кои неуморно се залагаат за безбедно и чисто Скопје. Но дали некогаш ќе ја постигнеме целта и плановите конечно ќе добијат своја реализација!?
извор: skopjeinfo.mk