Најголемиот дел од новозаразените се од Скопје – 125, Битола – 29, Кавадарци – 12, Прилеп и Гевгелија – по 10, Охрид – 9, Ресен – 7, Кичево – 6, Куманово – 5, Струмица – 4, Велес – 3, Гостивар ,Штип, Крива Паланка, Делчево и Пробиштип – по 2, Тетово Кочани, Берово, Крушево, Македонска Каменица и Пехчево – по 1.
По подолг период, во земјава не е пријавен ниту еден смртен случај како резултат на компликации од коронавирусот. Како што информира Министерството за здравство, во изминатите 24 часа и согласно Регистарот на починати лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, не се регистрирани нови починати лица.
Досега во земјата се направени вкупно 1 972 271 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 306 947, бројот на оздравени пациенти е 296 166, на починати е 9 231, а бројот на активни случаи изнесува 1 550.
Целиот текст е на libertas.mk