Дигиталниот пресврт, одржливоста и заштитата на климата се теми кои многу ќе влијаат на пазарот на труд во главниот град на Австрија во наредните децении.
Австрискиот институт за економски истражувања (WIFO) забележува дека до 2025 година вработеноста во областа на информатичката и комуникациската технологија во Виена ќе се зголеми за 11.700 работни места.
Исто така, за да се постигнат климатските цели потребни се инвестиции кои бараат целосно нови квалификации. Сето ова ги доведува виенските компании пред големи предизвици во однос на квалификуваната работна сила.
Се отвораат одлични деловни можности за вработените.
Сепак, родовиот сооднос во областите информациско-комуникациските технологии не се избалансирани, само една од пет е жена. Слична е ситуацијата и во областа на образованието.
Само 37% од сите дипломирани по математика, информатика, природни науки и технологија (MINT) на австриските универзитети се жени.
На виенските стручни студии од областа на дигитализацијата, одржливоста и технологијата - учеството на дипломирани студенти е 21%.
Затоа веднаш започнуваме едукативна иницијатива за вработените жени, да ги мотивираме за овие работни места и да ја зголемиме понудата за компаниите. Градот Виена ќе издвои за оваа иницијатива 23,6 милиони евра – изјави членот на Советот за економија на градот Виена, Петер Ханке.
Поточно, градот ќе финансира дополнителни 300 места за вработени жени до 2025 година за студирање на стручните студиски програми во Виена. Поддршката се однесува на насоки со мал удел на жени во областите на дигитализација, одржливост и технологија.