На влезот на граничниот премин Прешево-Табановце има ознака „Open Balkan“ со која се означува лентата наменета за превозници на компании од Србија, Македонија и Албанија со статус на овластен деловен субјект (AEO).
Министерот за финансии во Владата на Република Србија Синиша Мали изјави дека целта на иницијативата Отворен Балкан е значително да се забрза протокот на стоки и услуги, да се создаде единствен пазар на труд и подобри деловни услови за компаниите, што неминовно ќе доведе до побрз економски развој и повисок животен стандард на граѓаните на земјите потписнички на договорот според наведената иницијатива.
То напомена и дека е потпишан договор со кој ќе се овозможи воведување единствена работна дозвола меѓу Србија, Македонија и Албанија, што ќе не направи уште попривлечни за инвеститорите, кои ќе можат да добијат работници од сите три земји.
-Решаваме прашања кои ја мачат економијата, како чекање на граници и комплицирани административни процедури или недостаток на работна сила. Сето тоа се работи кои носат многу придобивки за сите земји членки на Отворениот Балкан - заклучи министерот Мали.