Законот за детска заштита вели дека градинките мора да ги згрижат децата и во услови на штрајк. Директорите на детските градинки треба да се обратат до општините за сите оние кои што ќе штрајкуваат да бидат заменети додека трае штрајкот, така мора да работат. Легитимно право е да се штрајкува, меѓутоа и по закон и по Устав е децата мора да бидат згрижени, изјавија од Министерството за труд и социјална политика (МСТП).
Воспитно - образовните установи најавија штрајк од понеделник, доколку синдикатот и Владата не остварат прифатлив договор за зголемување на платите на вработените. Меѓутоа обезбедувањето на заменски наставници и воспитувачи не е ни малку лесна работа за директорите на воспитно-образовните установи.
И од Министерство за образование и наука (МОН) рекоа дека децата правото на образование е загарантирано со Устав.
Правото на образование е загарантирано со Уставот и законите и образовните установи се должни тоа да го овозможат. Во отсуство на наставник или наставници, предвидена е можност за ангажирање на заменски кадар, во интерес на учениците и непречена едукација. Спроведувањето на законите го контролира Државниот просветен инспекторат – велат од МОН.
Директори велат дека наоѓањето заменски наставници или воспитувачи најчесто е „невозможна мисија“.
Согласно одуката на СОНК до сите основни и средни училишта, градинките, ученички и студентски домови, високообразовни и научни установи во државата испрати упатство за организирање и одржување на штрајкот. Според него штрајкот би се одвивал во самите образовни установи, во работно време и во простории одредени од претседателите на синдикалните организации, во договор со директорот на установата, а наставниците и воспитувачите нема да извршуваат наставно - образовни и згрижувачки активност во установите.
извор: novamakedonija.com.mk