Македонското јагне се бара на странските пазари, но понудата е сѐ помала. Побарувањата сé уште поголеми, но се јавува недостиг од јагнешко месо, констатираат од кланичката индустрија.
Откупот на јагнињата тече непречено, понудата секоја година е послаба, побарувањата за извоз се поголеми, полека се појавува недостиг на јагнешко месо. Во споредба со лани, побарувачката е поголема за извоз, ама за домашниот пазар тешко оди. Нашата фирма извезува во Хрватска и во Италија. Откупната цена во моментов е околу 180 денари. На сточарите секогаш им е малку, на откупувачите, многу. Како што се работите, најверојатно ќе се појави недостиг од јагнешко, најмногу поради цената. Моментално, продажната цена е 380 денари. Тешко некако е и со продажбата и со побарувачката за домашен пазар. За понатаму, ништо не се знае, пазарот ја одредува цената. Извоз има, има и за домашен пазар, ама потрошувачката не е како порано.
Граѓаните се скептични и не знаат колку јагнешкото ќе го има на велигденската трпеза. Сметаат дека цените се високи, а до Велигден може да бидат уште поголема.
извор: sitel.com.mk