Вработените во образованието мора да го добијат заслуженото покачување на платите согласно Колективниот договор. Синдикатот има целосно право да го изрази своето право на револт и да бара реализација за правата на работниците кои треба да им следуваат.
Во меѓувреме инфлацијата вртоглаво расте и таа се искачи на 8,8% во март, а споредено со минатата година цените на горивата се покачени за 70%, лебот е поскап за 110%, додека маслото за јадење над 30% и практични сите основни намирници поскапени од 30% до 50%
Граѓаните едвај ги подмируваат основните трошоци и едвај преживуваат, додека надлежните немаат слух да им го овозможат заслуженото покачување на платите.
извор: vecer.mk