Имено, Кели ја добила својата миленичка Чаи на петгодишна возраст кога ненадејно починала во 2017 година поради компликации по операцијата. Кели, признава, ја сметала Чаи за своја сродна душа, а по нејзината смрт била неутешна. Тогаш нејзината цимерка, ветеринар, спомнала компанија која нуди услуги за клонирање на сопствениците на домашни миленици, што изгледало како добра опција за Кели.
Таа веднаш се согласила да го стори тоа, несвесна дека целиот процес ќе трае четири години. Поминала низ бројни неуспешни обиди, а потоа кога изгубила секаква надеж, Кели ја известила дека дошло маче кое било клон на нејзиниот миленик.
"Најпрво ме известуваа по секој обид, но по некое време престанаа. Беше толку обесхрабрувачки што некако се помирив со фактот дека нема ништо од тоа. Кога добив повик, бев во шок", изјавила Кели, која за целиот процес потрошила повеќе од 22 илјади евра.
Кели објаснила како малата Бел, клон на нејзиниот Чаи, успеала да излезе од само шест милиони клетки наместо вообичаените 10 милиони потребни за процесот. Кели решила да ги сподели своите искуства на социјалните мрежи, но таму добила поделени реакции, а многумина ѝ пишувале дека е луда за што ги троши парите и дека клонирањето не постои и дека најверојатно била измамена.
"22.000 евра дефинитивно не се многу пари. Луѓето секојдневно трошат толку многу на автомобили , а никој ништо не им кажува за тоа", објаснила Кели, која останала цврсто на ставот дека клонирањето е навистина возможно.
"Клонирањето постои. Тоа постои од 1950-тите, а науката денес неверојатно еволуираше. Верувам дека сите кои ги клонирале своите миленици се согласуваат дека го направивме тоа затоа што ги сакаме", рече Кели, која беше гостин на ITV каде зборуваше своето искуство. Таа одговорила и на прашање дали нејзиниот нов миленик наликува на Чаи.
"Таа е само мачка. Никогаш не сакав таа да биде Чаи, ниту го очекував тоа, но беше неверојатно да се помисли дека можам повторно да имам парче од неа", признала таа.
извор: kanal5.com.mk