Општина Гази Баба објави Јавен повик за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на општина Гази Баба за купување на велосипеди за 2022 година.
За прв пат на територија на општина Гази Баба се воведени субвенции за купување на велосипеди.
Општина Гази Баба, со цел да ги стимулира жителите од својата општина за користење на велосипеди, на граѓаните кои ќе купат нов велосипед во период од објава на Јавниот повик, 11.04.2022 година се до исцрпувањето на буџетот наменет за Јавниот повик, ќе им надомести дел од трошоците направени при купување на велосипед.
Ги повикувам граѓаните да аплицираат.
Условите за јавниот повик се на следниот линк:
извор: skopjeinfo.mk