Во училиштата и градинките ќе се штрајкува петти ден, затоа што сѐ уште нема договор за повисоки плати на вработените. МОН вчера повика наставата да продолжи, а паралелно да има преговори, на што СОНК одговори дека без прифатлив предлог и понуден процент за покачување на платите, не може да го прекинат штрајкот.
Министерот за образование и наука рече дека го почитува правото на штрајк, како уставно и законски загарантирано, но дека синдикалното раководство треба да му даде предност на социјалниот дијалог и додека тој трае, редовната настава да продолжи, притоа потсетувајќи на загубеното во изминатите две години поради пандемијата.
извор: alsat.mk