За периодот откако мерката стапи во сила (јануари), заклучно со денеска, невакцинираните ќе треба да платат износ од вкупно 300 евра, меѓутоа, грчкиот министер за здравство, говорејќи за грчките медиуми во изминатите денови, ја остави отворена можноста да се поништат веќе изречените казни, во случај невакцинираните да решат да се вакцинираат.
Грците над 60-годишна возраст кои не се вакцинирани против ковид, од денеска нема да плаќаат месечна административна казна од 100 евра која беше воведена пред три месеци.
Грчкиот министер за здравство Танос Плеврис минатиот месец соопшти оти од 15 април привремено ќе се укине казната од 100 евра за невакцинираните граѓани кои имаат над 60 години, а мерката одново ќе се разгледа во септември.
Мерката беше воведена во јануари годинава, а се однесува на граѓаните со наполнети 60 години кои немаат примено антиковид-вакцина и секој месец плаќаа казна по 100 евра.
За периодот откако мерката стапи во сила, заклучно со денеска, невакцинираните ќе треба да платат износ од вкупно 300 евра, меѓутоа, Плеврис, говорејќи за грчките медиуми во изминатите денови, ја остави отворена можноста да се поништат веќе изречените казни, во случај невакцинираните да решат да се вакцинираат.