До крајот на април секое утро пред разденување на југоисточниот дел на небото може да се види вистински небесен спектакл, релативно ретко порамнување на Јупитер, Венера, Марс и на Сатурн кои се наоѓаат распоредени дијагонално на небото а ним потоа ќе им се придружи и месечината.
Да се видат планетите на Сончевиот систем наредени во права линија е едно од многуте доживувања кои предизвикуваат стравопочит кога се работи за посматрањето на ѕвездите, а до крајот на април ќе имаме прилика тоа да го видиме со свои очи.
Од средината на месецот, кога се гледа од северната хемисфера, пред зори, може да се видат Сатурн, Марс, Венера и Јупитер, сите наредени во речиси совршено планетарно порамнување.
Низата почнала да се формира околу 17 април, но највидлива била утрото на 20 април.
На хоризонтот, под услов условите за набљудување да бидат добри, сите четири планети треба да се видат наредени по небесен ред, иако, како што некои истакнаа, близината на Јупитер до хоризонтот може да го отежне набљудувањето.
Како што веројатно веќе знаат страсните набљудувачи на ѕвездите, Сатурн, Марс и Венера всушност се „собираат“ од крајот на март, но Јупитер и се приклучи на забавата дури во средината на април.
Околу 23 април – порамнувањето треба да стане уште поспектакуларно, бидејќи од десната страна ќе им се придружи Месечината, која неодамна беше полна и сега е во опаѓање.
Овој распоред на небесни тела, се разбира, може да се види само кога се гледа од Земјата. Гледано од друга локација во вселената, позицијата на секоја планета би била сосема различна.