Веќе одмараме четири дена, по повод најголемиот христијански празник Велигден, потоа следува и први мај и празникот Рамазан Бајрам каде повторно во рок од една недела ќе одмараме уште еднаш.
Потоа во мај ќе одмараме уште еднаш, а следниот споен викенд е дури на 10 јуни.
Согласно со Законот за празниците на Македонија во 2022 година неработни денови се:
За сите граѓани
• 25 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар,
• 01 мај (недела), Ден на трудот, односно 02 мај (понеделник) е неработен ден,
• 02 мај (понеделник), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам,
• 24 мај (вторник) „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители,
• 02 август (вторник), Ден на Републиката,
• 8 септември (четврток), Ден на независноста,
• 11 октомври (вторник), Ден на народното востание,
• 23 октомври (недела), Ден на Македонската Револуционерна Борба, односно 24 октомври (понеделник) е неработен ден,
• 8 декември (четврток), “Св. Климент Охридски”.
За граѓаните од православна вероисповед
• 22 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден,
• 10 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден,
• 28 август (недела), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).
За граѓаните од католичка вероисповед
• 01 ноември (вторник), Празникот на сите светци,
• 25 декември (недела), првиот ден на Божик.
За граѓаните од муслиманска вероисповед
• 09 Јули (сабота), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам,
За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ
• 22 ноември (вторник), Ден на Албанската азбука,
За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ
• 23 мај (понеделник), Национален ден на Власите,
За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ
• 5 окомври (среда), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур,
За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ
• 28 септември (среда), Меѓународен ден на Бошњаците,
За граѓаните припадници на турската заедница во РМ
• 21 декември (среда), Ден на настава на турски јазик.