Јавниот градски паркинг во Охрид и во Струга за Велигден ќе биде бесплатен, соопштија јавните претпријатија од двата града.
– Јавното претпријатие „Билјанини Извори“ по повод големиот христијански празник Велигден донесе одлука, в недела користењето на услугите на јавниот градски простор со кој стопанисува да биде бесплатно за сите нејзини корисници, се вели во информацијата.
По повод Велигден и јавното претпријатие „Еко Струга“, донесе одлука за бесплатен паркинг во Струга во недела и понеделник.
извор: biznisvesti.mk