Согласно моменталните случувања со пандемијата на Корона вирусот, со цел да излезе во пресрет на потребите на своите клиенти – пензионери, НЛБ Банка ги исплати пензиите на 26 април (вторник).
Во насока на поголема заштита, подобра организираност и намалување на гужвите во експозитурите, од 26 април пензионерите можат да ја подигнат својата пензија на банкоматите на НЛБ Банка во секое време, додека во експозитурите на НЛБ Банка пензиите ќе можат да се подигнат согласно определен редослед.
Распоредот за подигнување на пензиите во експозитурите e во периодот од 26 април до 29 април и истиот е креиран согласно висината на пензијата и тоа:
- 26 – ти април (вторник) 2022 година, пензии со висина до 11.000 денари
- 27 – ми април (среда) 2022 година, пензии со висина 11.001-14.000 денари
- 28 – ми април (четврток) 2022 година, пензии со висина 14.001-18.000 денари
- 29 – ти април (петок) 2022 година, пензии со висина над 18.001 денари.
Со цел заштита на здравјетo, од банката апелираат до клиентите – пензионери да не подигнуваат готовина и средствата првенствено да ги користат безготовински, за плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство.
Доколку клиентите имаат потреба од готовина, од НЛБ Банка препорачуваат исплатата да се изврши на банкомат, каде средствата се достапни од денес (26.4.2022г. – вторник) и истите може да се подигнат во секое време, независно од дефинираниот распоред.
Од банката замолуваат за почитување на препораките за држење растојание од 2 метри со останатите клиенти и вработените во НЛБ Банка.