Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и значително потопло. Попладне на места ќе биде нестабилно со краткотраен пороен дожд и грмежи, претежно во планинските подрачја. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 8, а максималната ќе достигне од 14 до 24 Целзиусови степени.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне 23 степени. Маврово 14, Охрид 18, Битла 21, Крива Паланка 19, Берово 17, Кавадарци 23, Дојран 24.
Утре времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и уште потопло, а во попладневните часови претежно во планинските подрачја ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Во петок попладне ќе има зголемување на облачноста и ќе биде нестабилно, на места со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Локален дожд ќе има и во сабота.
извор: mkd.mk