Изминативе денови се повеќе граѓани реагираат дека овој билет веќе не е достапен за купување кај возачот на автобусот. Наместо тоа, добиваат совет за да платат со мобилен телефон, или од билетарница да го купат билетот кој чини 120 денари и важи цел ден.
Билетите за едно возење беа потреба на граѓаните кои беа воведени пред неколку години. Тие беа одлична опција за оние кои доаѓаат од други градови и имаат потреба од јавен превоз.
Еден хартиен билет, кој се поништуваше преку валидатор, чинеше 50 денари.
Во ценовникот кој е објавен на страницата на ЈСП билетот за едно возење постои во тарифникот.
Сепак, граѓаните кои имаат потреба од само едно возење во денот, сега се принудени или да купуваат неперсонализирана картичка или дневен билет, кој би им излегол 70 денари поскап од она што им е реална потреба.
Потсетуваме, преку мобилен телефон не можат да платат припејд корисници, кои се уште ги има во голем број меѓу граѓаните.
извор: skopjeinfo.mk