Малкумина го знаат како Милан Јанковиќ, но ако се спомене Филип Цептер, тогаш јасно е дека станува збор за еден од најпознатите бизнисмени и претприемачи во Србија.
Цептер е роден во 1950 година, а на 29 години заминал во Виена каде сакал да научи германски јазик, но решил да остане да живее во Австрија. Заедно со сопругата работеле на продажба на германски садови АМС. Шест месеци подоцна станал еден од директори на компанијата, каде што работејќи пет години почнал да размислува за основање своја компанија за надворешна трговија.
Во 1986 година ја основаше компанијата Цептер (Zepter), што на германски јазик значи жезол, а производниот погон бил во Милано, Италија. За кратко време, неговата фирма станала симбол за добри садови. Десет години подоцна почна да произведува и медицински апарати.
Тој ја купил и швајцарската компанија Biotron и со тоа официјално влезе во светот на таканаречената “светлосна терапија“.
Zepter International има осум фабрики во Германија, Италија, Швајцарија, Полска и Босна и Херцеговина, како и 100.000 вработени ширум светот. Поголемиот дел од продажбата на Zepter е организирана во домовите на потенцијалните купувачи, сепак компанијата има продажно – изложбени салони во Москва, Париз, Прага, Атина, Будимпешта, Барселона, Чикаго…
Семејството на Цептер пред неколку години отвори музеј во Белград, каде што има повеќе од 350 уметнички дела од 132 уметници.
Во 2017 година, Цептер беше најбогат во Србија, според магазинот Forbes.
извор: biznisinfo.mk