Пријавите за најдобри HR практики се отворени!
Ве покануваме да ги презентирате сите позитивни практики преку кои сте им помогнале на вашите вработени на Изборот за најдобрата HR практика за 2022 година во Хрватска.
Пријавете ги вашите проекти, преку кои постигнавте трајна промена во културата на компанијата, зголемен ангажман на вработените и значително влијание врз деловниот успех.
Петте најдобро оценети проекти од стручното жири ќе имаат можност да се претстават пред публиката на конференцијата HR Days, која ќе се одржи на 21 и 22 септември 2022 година во Ровињ, Хрватска. По презентацијата, публиката ќе ги оценува практиките и врз основа на целокупната евалуација ќе бидат доделени награди за најдобри практики за човечки ресурси.
Годинава за првпат оваа можност се проширува регионално, а покрај компании од земјата на организаторот – Хрватска, можат да аплицираат и компании од Македонија, Словенија и Босна и Херцеговина.
Крајниот рок за аплицирање е 25 јули 2022 година, а можете да се пријавите преку официјалната страна на HRPrakse.hr.
Компаниите-учеснички плаќаат партиципација при регистрација на HR праксите, во износ од:
- 196 евра + ДДВ - прва пријава на HR пракса
- 98 евра + ДДВ - втора пријава на HR пракса
- 49 евра + ДДВ - секоја следна пријава на HR пракса
Ви стоиме на располагање за сите дополнителни прашања.