Времето ќе биде сончево и релативно топло со умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во попладневните часови и тоа особено во планинските предели ќе има услови за локален развој на нестабилност, проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 26 степени.
Во Скопје, сончево со умерена облачност, попладне во делови од Скопската Котлина ќе има појава на пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен, повремено и засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 23 степени.
За време на викендот ќе преовладува стабилно и релативно топло време. Во почетокот на следната седмица повторно ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи.
Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 26 степени, додека уште малку потопло ќе биде на самиот почеток од следната недела кога температурите ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 28 степени.