Воведување на шахот во училишната настава од следната учебна година беше тема на разговор на денешната средба на раководството на Шаховската федерација на Македонија и претсавници на Министерството за образование и наука.
Првиот човек на Шаховската федерација изрази задоволство и надеж дека иницијативата би можела да се реализира од септември.
На состанокот во Министерство за образование и наука понудени се насоки за следните чекори што треба да се преземат за реализација и на кои начини може да се воведе шахот во училиштата во прво, второ и/или четврто одделение. Се надеваме на добри вести од септември.