Министерството за образование и наука информира дека е извршена исплата на средства за субвенциониран студентски оброк за месец април.
Средствата се префрлени на трансакциските сметки на повеќе од 28 илјади студенти кои го имаат остварено правото на некој од досегашните објавени повици за пријавување.
МОН потсетува дека во периодот од 20 ти до 30 ти, односно 31 ви во секој месец е отворена можноста за аплицирање за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк за сите оние студенти кои претходно не ги исполнувале условите, или од било какви причини не аплицирале.
Пријавувањето за субвенциониран студентски оброк е дигитализирано, односно се спроведува исклучиво електронски преку порталот https://e-uslugi.mon.gov.mk/ и многу едноставно, со прикачување на само два документи – пријава и изјава за точност на податоци и се наведуваат податоци за лична трансакциска сметка.