Големи делови од Германија, особено во областите околу долниот дел на Рајна, се соочуваат со голем проблем - "исчезнаа" сезонските работници за берење на аспарагус.
Сега кога сезоната на белиот аспарагус е на својот врв, нема кој да работи.
Илјадници работници вадат стебленца од овој омилен германски зеленчук од земјата. Така е до крајот на јуни, кога традиционално завршува сезоната на аспарагус на празникот Свети Јован (24 јуни).
Минатата година во Германија се произведени 117.000 тони од тој зеленчук, што е зголемување во однос на претходната година.
Земјоделците се надеваат дека годинава вкупното количество дополнително ќе се зголеми и ќе се приближи до рекордот од 2018 година, кога од полињата во Германија и во светот отидоа 133.000 тони аспарагус.
Но, оваа година, како и во претходните години на пандемијата, лозарите се борат да најдат работници подготвени да ја завршат напорната работа. Традиционално, најголем број сезонски работници за берење аспарагус и јагоди доаѓаат од Полска и Романија.
За време на пандемијата во 2020 година, владата дури издаваше специјални пропусници за земјоделците, со кои сезонските работници сè уште можеа да стигнат до полињата со аспарагус во Германија со специјални чартер летови.
Љубовта кон аспарагусот бледее?
На многу сезонски работници не им се допаѓа оваа ситуација, бидејќи губат важен извор на приходи.
И покрај тоа што сезонските работници во Германија по правило заработуваат само законски дефинираниот минимум од 9,82 евра на час (кој треба да се зголеми од 10 јуни на 10,45 евра) и што во многу домаќинства на работниците им се одбива саатницата за сместување, превоз и храна, многумина сметаат дека тримесечен престој во Германија е добредојден за да го подобрат својот буџет за домаќинството.
Едно истражување покажа дека „култот на аспарагусот“ го следат сè помалку Германци.
Според истражувањето на јавното мислење спроведено од Институтот YouGov, по нарачка на агенцијата dpa, интересот за овој зеленчук се намалува, особено кај помладата генерација. Така, само 47% од анкетираните на возраст меѓу 18 и 24 години велат дека сакаат аспарагус.
Колку биле постари испитаниците, толку е поголема љубовта: меѓу постарите од 55 години, дури 74 отсто се изјасниле дека се љубители на тој зеленчук.