Трошоците на животот во април годинава се зголемени за 2,2 отсто во споредба со претходниот месец, а цените на мало пораснале за 2,0 отсто.
На годишно ниво, пак, трошоците на животот бележат зголемување од 10,5 отсто, а цените на мало се зголемиле за 11,1 отсто.
Според податоците на Државниот завод за статистика, пораст на трошоците на животот во април 2022 година, во споредба со март 2022 година, е забележан кај маслото и маснотиите за 20,2 отсто, свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови за 12,9, свежото и разладеното овошје за 4,4, сирењето и урдата за 3,7, месото за 3,4, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи, минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук за 2,3, пивото за 1,9, рибата и морските плодови за 1,7, кафето, чајот, какаото за 1,6, прехранбените производи неспоменати на друго место за 1,3, лебот и житата за 0,8, жестоките пијалаци за 0,7 и виното за 0,2 отсто.
Пораст на трошоците на живот има и кај текстилот за домаќинствата, големите електрични апарати за домаќинствата, патниот патнички транспорт, игрите, играчките и хобијата за 0,6 отсто, терапевтските помагала и опремата за 0,5, облеката, домашните услуги и услугите за домаќинствата за 0,4, поправките и изнајмувањето на обувките, поправките на мебелот, покуќнината и покривките за подот, стоматолошките услуги, одржувањето и поправките на сопствените превозни средства, рестораните, кафулињата и сл., накитот, часовниците и рачните часовници за 0,3, услугите за одржување и поправките на живеалиштето, фармацевтските производи, велосипедите, другите услуги за опремата за сопствен превоз, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики, канцеларискиот материјал и материјалите за цртање и другите лични предмети за 0,2 отсто.
Намалување на трошоците на животот во април 2022 година, во споредба со претходниот месец, пак, е забележано кај медиумите за снимање за 2,6 отсто, горивата и мазивата за сопствените превозни средства за 0,9, градините, растенијата и цвеќињата и електричните апарати за лична хигиена за 0,3 отсто.
извор: biznisinfo.mk