Линкови што водат до лажна наградна игра почнаа да циркулираат во приватни пораки на социјалните мрежи и во нив „Макпетрол“ се наведува како организатор, меѓутоа од компанијата укажуваат дека се работи за измама и потенцираат дека корисниците не треба да кликаат на линковите во пораките бидејќи на тој начин ја загрозуваат безбедноста на своите електронски уреди и лични податоци.
„Макпетрол традиционално секоја година ја организира наградната игра ‘Со Верна купувај и награди добивај’ и таа се одвива според сите законски нормативи и процедури. Активни и официјални интернет-страници на компанијата се www.makpetrol.com.mk и www.verna.mk, додека официјален фејсбук-профил е ‘Макпетрол Ultra’. Сите останати пораки кои наликуваат на наведените веб-страници се лажни, немаат никаква поврзаност со ‘Макпетрол’ и граѓаните истите треба целосно да ги игнорираат“,
велат од компанијата.
Според „Макпетрол“, надлежните институции се известени за пораките преку кои се повикува учество во лажната наградна игра.
извор: 360stepeni.mk