Словенечката влада повторно воведе привремено регулирање на цените на моторните горива, откако тие беа двојно зголемени за помалку од две недели.
Владата на седницата донела одлука според која привремено се замрзнува највисоката малопродажна цена на бензинот од 95 октани на 1,56 евра за литар, а на големопродажната цена на истиот 1,54 евра.
За литар дизел малопродажна цена е 1.668 евра, а на големо 1.648 евра.
Владата одлучи да ги регулира цените на најпродаваните горива поради оправданите очекувања за нови пореметувања на нафтениот пазар и големите ценовни флуктуации, објави словенечкото министерство.
извор: biznisinfo.mk