ЈП Водовод и канализација започна со реализација на најавениот проект за инсталација на системи за заклучување на шахти и решетки на сливници, како превенција од кражби на истите.
Се планира да бидат инсталирани 800 системи за заклучување на решетки на сливници и 800 на капаци за шахти.
Нивната инсталација ќе се спроведе во текот на периодот кој следува, на целата територија на град Скопје. Доколку овој пилот проект се покаже како функционален, тогаш ќе се пристапи кон набавка на поголем број на вакви системи и нивна инсталација.
Во текот на минатата година беа украдени 187 решетки на сливници и 163 капаци на шахти, за чија замена ЈП Водовод и канализација – Скопје оддели 4.963.083,00 денари, а од почетокот на 2022, односно од 9 до 19.01.2022 на две улици, беа украдени 32 решетки на сливници за чија замена беа потрошени 477.376 денари.