Според денеска презентираните дизајни на монетите од едно и две евра и евроценти, куната – животното по кое е именувана актуелната хрватска валута – ќе биде мотив на монетата од едно евро, а другите мотиви се Никола Тесла, глаголицата и мапата на Хрватска
На седницата на Националниот совет за воведување на еврото како официјална валута во Хрватска, со која претседаваше хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, објавен е новиот изглед на хрватската монета од едно евро, на чиј реверс е куната.
Претставени се дизајните за сите четири варијанти на хрватските монети од евро и евроценти: на монетата од две евра има географска карта на Хрватска, на монетата од едно евро има карта на куна, додека на педесет центи е ликот на Никола Тесла, а на монетата од 5 евроценти стои глаголицата.
Токму дизајнот на монетата од едно евро на која се наоѓа куната изминатиот период предизвика полемика во јавноста.