Возењето со влечки е еден од најчудните сообраќајни прешкроци кои се пропишани во грчкиот закон за безбедност, а чие прекршување може да ве чини 50 евра. Граѓаните на социјалните медиуми сведочат дека грчката полиција ригорозно го казнува ова непочитување на законот.
Во Грција многу се високи сообраќајните казни, особено доколку имате во крвта алкохол од преку 0,5 промили може да добиета казна од 75 до 625 евра. За прекорачување на брзината се добива казна од 40 до 750 евра, а доколку не се врзат појасите казната ќе достигне и до 350 евра. Казни од 100 евра ќе следуваат и доколку кога возите зборувате на мобилен телефон. На црвено светло никако не поминувајте бидејќи тоа би ве чинело 700 евра.
Што се однесува пак за детските седишта законските правилка велат вака: задолжително седиште за деца до 3 години, додека деца постари од 3 години, а пониски од 1,35 м на задно седиште треба да седат во детско седиште. Децата пак пто се постари од 12 години и повисоки од 1,35 можат и треба да користат ремени за возрасни.