Стартап од Сингапур ја претвора отпадната вода од производството на вегетаријанската алтернатива за сирењето направено од млеко – тофу – во вино. SinFooTech ја собира сурутката од соја од локалната фабрика за тофу, која вообичаено се фрла.
Таа сурутка е богата со калциум и со хранливи материи, но има краток век на траење, па затоа тие шро ја преработуваат мора да почнат со преработката само неколку часа откако ќе се направи тофу.
SinFooTech ја собира таквата сурутка и додава шеќер и квасец и ја оставаат да ферментира до 6 недели. Со тоа сурутката се трансформира во пијалак што се вика „сачи“ (Sachi), кој содржи 5,8% алкохо и има сладок вкус, како пустинско вино.
Замислете само – дури 30% од храната која се произведува во светот се фрла, а истовремено во многу земји илјадници луѓе секојдневно умираат од глад. Освен тоа, отпадот од храна е одговорен за дури 10% од глобалната емисија на СО2.