Денеска Регулаторната комисија за енергетика на редовната седница ќе ги утврди новите цени на горивата кои ќе важат од полноќ.
Според моменталните цени на светските берзи барел нафта од типот брент чини 111,5 долари, а доларот постојано јакне во однос на другите валути.
Моментално горивата се точат по следните цени: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 90,50 (денари/литар), Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 92,50 (денари/литар), Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 87,00 (денари/литар).