Јапонските власти овој месец ќе започнат да спроведуваат „тест туризам” со ограничени пакет-аранжмани, како начин да добијат информации пред повторно целосно отворање на земјата за туристички посети.
Иако туризмот беше еден од главните столбови на јапонската економија, земјата од 2020 година е затворена за туристи уште од самиот почеток на епидемијата на коронавирусот.
Регулативите беа малку олабавени за да им се дозволи влез на студентите и на некои деловни патници, но индивидуалните туристички посети останаа забранети и покрај барањата на туристичките субјекти за рестарт на дејноста, во мигови кога јенот е на најниско ниво за последните 20 години.
Првично земјата се отвара за тројно вакцинирани туристи од САД, Австралија, Тајланд и Сингапур и тоа само преку строго утврдени аранжмани и избрани тур-оператори.