Ќе има услови за локална појава на НЕВРЕМЕ.
Што се однесува до температурите, тие ќе бидат МНОГУ ВИСОКИ, и тоа поради влијанието на ТОПЛА воздушна маса која продира од северните предели на Африка, и температурите во почетокот неделата ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 32 степени, додека во најтоплите предели истите има услови да се искачат и до околу 35 степени.
И во Скопскиот регион во следните денови има услови за локална попладневна нестабилност, проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата ќе се искачува во интервалот помеѓу 29 и 31 степен.
Пад на температурите на воздухот и засилен северен ветер се очекува во среда, и тоа поради продор на посвеж воздух од север.
извор: magazin.mk