Утре во 5.17 часот ќе се одржи герила аудио- акција во траење од една минута, со што ќе бидат обележани 55 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје, кој се случи на утрешен датум во тоа време.
Идејата на оваа акција е на помелаку груб начин да се потсетат граѓаните на Скопје на трагедијата и да се додаде нова димензија на одбележувањето на годишнината од земјотресот. Со тоа традицијата на будење на градот на 26 јули, кој од 1963 година па се до раните 90-ти години, претставуваше извонреден начин за потсетување на граѓаните на жртвите во катастрофалниот земјотрес, кој речиси во целост го уништи градот и го измени неговиот лик. Но, во истовреме и го трасираше патот кон обновата и изградбата на модерно Скопје. Аудио-акцијата се вика „Разбуди се Скопје“ и ќе се одвива на повеќе на повеќе локации низ градот. Автомобили со сирени ќе тргнат од Порта Влае и од Музејот на современа уметност.
А вечерва со почеток во 20.30 часот во галеријата „Графити“ во ГТЦ кај автобуската постојка 57, ќе биде прикажан краткометражниот филмски колаж на режисерката Дина Дума, со наслов „Скопје сонува“. Половина час подоцна ќе биде изведен перформансот „Тивка реконструкција на земјотресот“ во режија на Билјана Радиноска. Потоа ќе следува музичка програма со концерти и импровизација со музичари од новата скопска сцена.
telma.com.mk