Скоро 90.000 работници се уште ја чекаат априлската плата. Ова го покажуваат податоците на Управата за јавни приходи.
Во оваа бројка влегуваат и оние кои работата за минималец од 18.000 денари. Дел од работодавачите доцнат затоа што аплицирале за субвенции за минимална плата и се уште ја чекаат државната помош, кај дел причините се други основи. Состојбата со платите во март е нешто подобра, односно над 7.000 работници чекаат да добијат плата за тоа што го сработиле. Од УЈП веќе ги опоменале овие работодавачи и ако не си ја исполнат законската обврска во утврдените рокови, ќе им бидат блокирани сметките.
Во април, работниците требаше да земат минималец од 18.000 денари.
извор: faktor.mk