Оваа сезона овоштарите во Хрватска ќе имаат богат род, се очекуваат од 100.000 до 120.000 тони јаболка, за што ќе бидат потребни 10.000 берачи.
Заедницата на овоштари веќе ја алармираше Владата и Министерството за земјоделство дека им треба работна сила која ќе мора да биде увезена.
Овоштарите се жалат дека превозот им е на товар, затоа што до површините со овошје немаат транспорт. Тие имаат и забелешки за даноците кои им се налагаат да ги плаќаат.
За 50 хектари со јаболка се потребни 50 берачи.
Хрватска има околу 5000 хектари површини со овошје.