Четири регулаторни тела од регионот, меѓу кои Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Северна Македонија (РКЕ), Албанија, Косово и Црна Гора, како и Асоцијацијата на Регулаторни тела на Европа за водни услуги (WAREG), во Тирана потпишаа меморандум за соработка во областа на водните услуги.
Делиме исти предизвици, а клучен постулат во нашата работа е на сите потрошувачи да им се обезбеди правото на вода, која треба да е висококвалитетна и достапна по тарифа која ќе гарантира и инвестиции во мрежата со цел да се намалат загубите, посочи претседателот.
„Оваа фаза од процесот на реформи во секторот за води во нашите земји е неизбежна и од голема важност за да имаме доверливи, одржливи и економични системи за регулација на водните услуги. Последните податоци покажуваат дека немаме однос кон водата како природен ресурс и загубите на национално ниво достигнуваат до 60 % поради лошата инфраструктура и поради отсуство на инвестиции на јавните претпријатија. Секој пат кога се определува опсег на тарифа, советите на општините најчесто ја одбираат тарифата во чија структура степенот на инвестиции е на најниско ниво и подразбира базично одржување на мрежата. Ова е проблем со којшто сите се соочуваат и во регионот. Неопходно е да се објасни секој денар за што се троши и колку инвестиции се реализираат во комуналните претпријатија“, изјавија од РКЕ.
извор: biznisinfo.mk