Почнувајќи веќе од пладневните часови па натаму под влијание на моќниот Флоријан времето во државава ќе биде нестабилно облачно на многу места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, стои во временската на Славчо Поповски.
Локално процесите можно е да бидатпоинтензивни и застапени во форма на невреме проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и услови за појава на град.
Да напоменеме дека во зоната на големата нестабилност можни се локални поројни поплави и исто така можно е да наврнат над 20 л/м2 за многу кратко време.
Циклонот ќе трае со денови и ќе условува чести врнежи, грмежи и локално невреме. Исклучок ќе биде сабота кога ќе имаме малку посмирена атмосфера.