По повод денешниот ден, 20 мај кој се одбележува како Светскиот ден на пчелата, екипата на „Мета.мк“ беше во посета на пчеларникот на пчеларот Милошевски.
„Не плашете се, сега се разиграни поради топлото време и нема да ви направат ништо сѐ додека не се почувствуваат вознемирено, а се разбира имате и посебен шешир кој ве штити од убоди“, со овие зборови, во пријатна атмосфера, под топлото мајско сонце, од кое бевме заштитени преку специјализиараните шешири за одгледувачи на пчели, го започнавме интервјуто со пчеларот Мирче Милошевски – Макс кој во тетовското село Непроштено има навидум мал, но доволно простран и вистински рај за одгледување на пчели.
Иако кратко пред да пристигнеме беше завршил со утринските обврски околу пчеларењето, тој со задоволство ни ја отвори вратата во својот пчеларник каде се наоѓаа педесетина сандаци за одгледување на едно, од како што самиот ги нарекува, најпосебните видови животни – пчелите.
За љубовта и посветеноста како и за тоа колку си ја сака својата работа, прочитајте го целиот текст на meta.mk.