Нема да има никаква измена во делот на евтината тарифа од 22:00 – 07:00 часот, ќе се интервенира само во високата тарифа. Колкава ќе биде финалната цена по блокови, ќе се знае откако ќе се одлучи со која цена ЕСМ ќе ги покрива потребите на ЕВН хоум за домаќинствата, малите и микро претпријатијата.
На регулираниот пазар, освен домаќинствата, влегуваат и микро и малите компании со не повеќе од 50 вработени и со приход под два милиона евра во претходната година, истакна Бектеши. Одредени фирми, отвориле други фирми или го намалиле бројот на вработени за да влезат на регулираниот пазар.
Од наредната недела ќе се знае какви мерки ќе бидат преземени за ублажување на ценовните шокови.