Две мечки од скопската Зоолошка градина ќе станат жители на Швајцарија.
Ова го соопши Тина Мицковска, дел од тимот на ова Зоо, која објасни што навистина се случува:
- Последната успешна мисија со пријателите од FOUR PAWS, а и чекавме прво со возбуда мечките да стигнат безбедно во новиот дом. Марко и Мартина, а сега Сем и Џамила ( нов живот, нови имиња) од Скопје ЗОО отпатуваа во нов живот во AROSA Bear Sanctuary во Швајцарија. Не знаете колку бев среќна зошто конечно ми се исполни и оваа желба, едно од најстарите живеалишта во Зоолошка ќе биде реновирано и доволно големо и пространо за Бим и Бум да живеат царски, а другиве двајца другари ќе ни бидат Швајцарци во преубаво место, каде што најпрекрасни луѓе ќе се грижат за нив, напиша таа на Фејсбук и додаде:
- Благодарност највеќе до Four Paws кои и овојпат помогнаа и овие две односно четири мечки да добијат подобар живот, а секако за моите колеги кои го прифатија предизвикот и дење ноќе бевме во ЗОО со тимовите од странство на неколку пати бидејќи се правеа подготовки и медицински прегледи за транспортот. Сите сме неспиени, ама среќни, едвај чекам слики од мечките кога ќе бидат пуштени надвор во тој преубав рај каде што се сега, информира Мицковска.