Без електрична енергија утре неколку часа ќе бидат корисниците во делови од општините Сарај, Гази Баба, Кисела Вода, Студеничани и Сопиште.
Како што соопшти РЦУК по известување од ЕВН Македонија АД, прекинот на напојувањето со електрична енергија е поради планирани прекини во дистрибутивниот систем за електрична енергија.
Без струја во периодот од 8 до 12 часот ќе бидат дел од корисниците од селото Ласкарци во општина Сарај, од 08:30 до 15 часот дел од корисниците на улиците „Антон Попов", „Фрушкогорска" и „Христифор Жефаровиќ" во општината Гази Баба, од 9 до 13 часот дел од објектите во потег од џамијата до општината, ул. 2 во Студеничани, а од 9 до 14 часот дел од ул.23 и дел од ул.„Христо Татарчев" во делот од ул. 23 до новиот кружен тек кон сончев град во општината Кисела Вода и Сопиште.
извор: kanal5.com.mk