Анализите покажуваат дека сместувањето во хотелите и камповите на Јадранот пораснало во просек најмалку за 20 до 25 отсто, а за одредени понуди ио 50% во однос на минатата година.
Зголемената инфлација и повисоките цени и на храната и на енергијата не оставија многу простор за маневрирање на угостителските објекти.
Новите поскапувања се во доменот на самите хотелиери и нивните стратешки одлуки, има и аспект на конкуренција, а ако еден хотел ја покачи цената и побарувачката постои, и другите ќе ја покачат.
Најголемиот скок на цените веројатно ќе се почувствува на чартер дестинациите, не поради цената на самиот хотел, туку поради движењето на цената на горивото на светскиот пазар.
Поскапувањата по правило се повисоки во објектите со „комплексна услуга“, особено кога е вклучена храната. Во моментот е невозможно да се предвиди колку брашно или други намирници што ги користат хотелските ресторани ќе поскапат, а чија цена би можела да скокне на светскиот пазар.