Почна исплатата на домаќинствата на ваучерите од 600 до 800 денари за сметки за струја. Листата на домаќинсвата на кои ќе им бидат покриени дел од трошоците за потрошената струја уште не е во целост финализирана.
Околу 6.500 домаќинства поднеле апликација за финансиска подршка со која се намалува месечната сметка за потрошена електрична енергија. Досега близу 2700 домаќинства ги исполниле условите, а за другите апликации се прават проверки од страна на надлежните институции.
Парите кои се одвоени за помош не легнуваат на сметките на граѓаните туку директно се пребиваат од доспеаната сметка за стуја. Финалните листи со сите домаќинства кои се стекнале со ова право наскоро ќе биде објавена од веб страницата на Министерство за економија. Покрај ова, најавите се дека и со прекроената државна каса и годинава ќе се одвојат ваучери за годишен одмор од 12 илјади денари за граѓаните со ниски примања.
Јавниот повик за оваа мерка се очекува да биде објавен во втората половина од годинава.
извор: denar.mk