Готовинската исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, банките ќе ги реализираат во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензијата:
- За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 30.05.2022 година (понеделник);
- За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 31.05.2022 година (вторник);
- За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 01.06.2022 година (среда);
- За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 02.06.2022 година (четврток ).