Се соочуваме со инфлација, а на светот му се заканува криза со храна, и затоа ги прашавме земјоделците дали доколку имаме парцела на село, се исплати да произведуваме храна за свои потреби со оглед на фактот дека и горивата и ѓубривата се скапи.
„Храна за свои потреби луѓето можат да си произведат, но треба да имаат познавања за тоа како се работи во земјоделството, затоа што има многу штетници, кои треба навреме да ги препознаат и да ги заштитат насадите. Ако имаат површина во двор, или некоја нива, можат да произведат храна, но колку, како, што, зависи од повеќе фактори. Доколку се работи за некоја локација која е далеку, можно е да направат повеќе трошоци отколку да имаат бенефит“, вели Велков за Фактор.
Ако имате некоја градина во двор, е во ред, но да одите од град во село, тоа не се исплати, затоа што горивото е скапо, хемиската заштита исто, семињата се скапи. Земјоделството си бара и знаење, и треба секој ден да се работи на нива, а ако одите само за викенд, така не се одгледува ниту домат, ниту пипер, ниту овошје. Земјоделецот една семка ја плаќа 5 денари, а каде се другите трошоци? За граѓаните со мали плати и пензии е скапо да дадат 100 денари за домати на пример, и тоа се две спротивставености, но тоа е веќе друга тема “, објаснува еден агроном.
Цените на храната во светот се највисоки за период од 30 години. И за брзо време тие нема да се намалат.
извор: faktor.mk